LG Full HD 42LF652V User Manual – Page 255

Posted on 23 Sep, 2019
Manufacturer: LG
Category: Sound
Product: LG Full HD 42LF652V
Pages: 292
File size: 24 MB

МАКЕДОНСКИ
3
Не приклучувајте премногу електрични уреди на единечен
електричен штекер со повеќе приклучоци.
Во спротивно, би можело да дојде до пожар заради прегревање.
Не испуштајте го производот и не дозволувајте да падне при
поврзување на надворешни уреди. Во спротивно, би можело да
дојде до повреда или оштетување на производот.
Desiccant
Материјалите отпорни на влага или најлонските обвивки за
пакување чувајте ги надвор од дофат на деца. Материјалот
отпорен на влага е штетен доколку се проголта. Ако случајно се
проголта, натерајте го лицето да поврати и посетете ја најблиската
болница. Покрај тоа, најлонските обвивки може да предизвикаат
гушење. Чувајте ги надвор од дофат на деца.
Не дозволувајте деца да се качуваат или да се држат со својата
тежина на телевизорот.
Во спротивно, телевизорот може да падне и да предизвика
сериозни повреди.
Внимавајте кога ги фрлате истрошените батерии за да спречите
дете да ги стави во уста.
Во случај да ги проголта, веднаш однесете го на лекар.
Не вметнувајте проводник (како што се метални прачки) на
едната страна од струјниот кабел додека неговата друга страна е
поврзана на влезниот приклучок на ѕидот. Покрај тоа, не допирајте
го струјниот кабел веднаш по неговото приклучување на влезниот
приклучок на ѕидот. Може да ве удри струја. (Во зависност од
моделот)
Немојте да ставате или чувате запаливи супстанци во близина
на производот. Постои опасност од експлозија или пожар како
резултат на невнимателно ракување со запаливи супстанци.
Не испуштајте метални објекти како што се метални парички,
шноли, или жица во производот, или запаливи објекти како што се
хартија и чкорчиња од кибрит. Децата треба особено да внимаваат.
Може да дојде до струен удар, пожар или повреда. Доколку
надворешен предмет се испушти во производот, исклучете го
струјниот кабел и контактирајте со сервисниот центар.
Не прскајте вода на производот и не чистете го со запаливи
материи (разредувач или бензол). Може да дојде до пожар или
незгода од струен удар.
Не дозволувајте удирање или паѓање на објекти во производот и
не фрлајте предмети кон екранот.
Би можеле да се повредите или производот може да се оштети.
Никогаш не допирајте го овој производ или антената за време на
грмотевици или молњи. Може да ве удри струја.
Никогаш не допирајте го штекерот на ѕидот кога постои испуштање
на гасотворете ги прозорците и проветрете.
Тоа може да предизвика пожар или запалување со искра.